Утрински Весник
Македонија

Битиќи: Би прифатил да биде заеднички кандидат за претседател на државата

Img 2009.jpeg

Ако се бара консензуален кандидат како што сум јас, тогаш би прифатил таква понуда, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи во интервју за телевизија Алсат, како одговор на новинарско прашање дали би прифатил да биде претседателски кандидат
На претседателските избори дали ќе излезете како заеднички кандидат со ДУИ?
Сеуште е рано да се каже.
Ние штотуку го завршивме синоќешниот внатрешен партиски процес на номинирање на разни кандидати.
Дали вие имате амбиции?
Јас имам, еве и јавно изјавувам дека од неколку партиски подграноци имам добиено номинации, бидејќи се знае дека СДСМ има најшироко прострирување со 80 партиски подграноци.
Номиниран сум од значителен број на подграноци на СДСМ.
Сега продолжува процесот на консултации што привршува со конгресот.
Ако се бара концензуален кандидат како што сум јас, би прифатил таква понуда.
Но, ако е потребно да направиме други компромиси и да изнајдеме дру консензус, јас сум подготвен да подадам рака на секој кој мисли дека државата ќе ја однесе таму кајшто е потребно и работиме на иста визија.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!