Утрински Весник
Свет

Американскиот новинар Карлсон кој направи „бум“ со разговорот со Путин, во Москва имал и средби со пребеганите Сноуден и Рид

Zx780 4586188.jpg

Американскиот новинар Такер Карлсон кој направи интервју со рускиот претседател Владимир Путин и го објави на неговиот канал Х, пранешен Твитер, предизвика огромен интерес, но и бурни реакции во светот. Интервјуто кое трае два часа и шест минути за 14 часа откако се појави на социјалната мрежа Х, има повеќе од 100 милиони прегледи. Повеќе од 705.000 корисници ставиле ознака „ми се допаѓа“ на објавата. За време на престојот во Москва, новинарот Карлсон, според порталот Семафор, се сретнал и со поранешните американски разузнавачи Едвард Сноуден и Тара Рид, поранешна соработничка на актуелниот американски претседател Џо Бајден. Неофицијално Карлсон неколку часа разговарал со Сноуден, а интервјуто со Рид го снимил.
Рид, која е во азил во Русија, го обвинува Бајден за малтретирање.
Во јуни 2013 година, Сноуден предизвика голем меѓународен скандал пренесувајќи до Вашингтон пост и Гардијан серија доверливи материјали за програмите за надзор на САД и Велика Британија на Интернет. После тоа, тој одлетал во Хонг Конг, а оттаму во Москва, каде на крајот добил азил и државјанство. Рид, која работеше како помошничка на Бајден додека тој беше сенатор, исто така бара руско државјанство и го обвинува својот поранешен шеф за сексуално вознемирување.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години