Утрински Весник
Македонија

(ВИДЕО) Договорно производство: Пласманот на бессемената лубеница е гарантиран, на земјоделците е да произведат квалитет

Boris.jpg

Договорното производство е најдобриот модел за секој земјоделец бидејќи на тој начин се решава најголемиот проблем – пласманот на земјоделските производи. За откупувачот тоа значи сигурна суровина, а за државата зголемено домашно производство на храна, зголемен извоз и можност за нови работни места.

После успешните проекти на Договорно производство на сончоглед, пченка и органска пиперка, со кои значително се зголемија површините и производството на овие култури кај нас, годинава се очекува во фокусот да биде производството на бессемена лубеница. Ова договорно производство лани го организираше компанијата откупувач „Fresh line“ која најави продолжување на проектот и оваа година. Ланската успешна сезона ја потврди нивната идеја и амбиција за поголемо производство на бессемена лубеница, тренд кој го наметнуваат странските пазари и кои можеме да го следиме со наше производство. Годинава проектот наиде на одличен интерес кај земјоделците и се очекува да бидат засадени поголеми површини под оваа култура.

-Ланската година поминавме добро, се што произведовме беше со одличен квалитет, земјоделците беа задоволни, тоа што го договоривме се испочитува. Производителите се уверија дека производството на бессемена лубеница не е поразлично од семената лубеница. Годинава како и лани нудиме договори со производители каде што вкупното производство ќе биде откупено со заштитина цена. Договорите може да вклучува авансирање на семето и расадот бидејќи тие се 60% поскапи од другата лубеница – изјави Борис Шуперлиски од „Fresh line“.

Најважно за конкурентно производство е професионалниот однос од страна на земјоделските производители, а тоа значи инвестирање, извршување на сите агротехнички мерки кои ќе доведат до поголем и поквалитетен принос, а со тоа и зголемен профит.

За плановите на компанијата, договорите, заштитната цена, авансирањето на производството и експертската поддршка која ќе ја добиваат земјоделците, зборува Шуперлиски:

Извор: Бриф.мк

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег