Утрински Весник
Македонија

„Села и неговата група можеби имаат 100 активисти, но ниту еден член на Собранието“ порача Снопче

Snopce 585x360 1.webp.webp

Зијадин Села и неговата група можеби имаат 100 активисти и поддржувачи, меѓу кои и Артан Грубин, но не и 100 членови на Собранието, рече денеска пратеникот на Алијансата за Албанците, Халил Снопче.

„Можат да имаат 100 активисти, но ниту еден член на Собранието…, можат да имаат 30 членови на Собранието. Нашата цел е благородна, ние стоиме на историската линија на АА, историската линија на АА е анти ДУИ, војна против ДУИ, да се скрши овој 20-годишен комунизам, да го урнеме комунизмот, да ја вратиме демократијата. Со обединувањето со албанската опозиција ДУИ може да ја победиме и да ја вратиме надежта кај албанското население. Имаме апсолутна поддршка од членството“, рече Снопче.

Тој нагласи дека неговото барање е главно до СДСМ, да склучат договор за партнерство.

„Ковачевски не добивал наредби од АА туку од група предводена од Артан Груби“, рече Снопче

Можете да прочитате

Во Собранието пратенички прашања – 24info.mk

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора

Владиката Тимотеј денеска ќе биде погребан на Плаошник во Охрид