Утрински Весник
Свет

Словачкиот Парламент изгласа Закон со кој се намалуваат казните за корупција и економски криминал

20240209090842 big 730x400 9.webp.webp

Популистичкото мнозинство во Словачка во Парламентот ја изгласа контроверзната реформа на Кривичниот законик и покрај критиките од ЕУ, од словачката претседателка Зузана Чапутова и опозицијата, која го бојкотираше гласањето.

„За“ гласаа 78 пратеници од владејачката коалиција во 150-члениот Парламент.

Со новиот закон се предвидува намалување на казните за корупција и економски криминал. Исто така се намалува и рокот на застареност за одредени кривични дела, вклучително и силување, од 20 на 10 години. Од 20 март поголеми овластувања ќе има и главниот обвинител Марош Жилинка.

Чапутова веднаш го критикуваше новиот закон.

– Усвојувањето на амандманот на Кривичниот законик е лоша вест за Словачка и сите нејзини граѓани. Неприфатливо е вакви сериозни промени во криминалната политика на земјата да се вршат без соодветен законодавен процес, посочи Чапутова, додавајќи оти „ги разгледува сите можни опции за да го спречи стапувањето во сила на овој закон“.

Но, според Уставот на Словачка, претседателското вето може да биде отфрлено со просто мнозинство.

Против реформата се одржаа протести во Братислава и 15 словачки градови.

Портпаролот на Европска комисија минатиот месец изјави дека е побарано од словачката Влада да не ги прифаќа реформите и пред сè, да не прибегнува кон забрзана процедура без соодветни и длабински консултации со заинтересираните страни.

Можете да прочитате

За обновата на Газа во наредната деценија ќе бидат потребни 71 милијарда долари

Масовна тепачка меѓу 1000 навивачи на Баерн и Штутгарт – 500 од нив се уапсени

Мишел упати критика кон Урсула фон дер Лајен