Руското Министерство за одбрана соопшти дека денеска е извршена уште една размена на затвореници.
Според формулата еден на еден, 100 руски воени заробеници беа разменети за 100 украински.
Размената на заробениците е извршена со посредство на Обединетите Арапски Емирати. Ова е втора размена во која ОАЕ ја игра улогата на посредник.
– Обединетите Арапски Емирати обезбедија хуманитарен посредник за враќање на рускиот воен персонал од заробеништво – се вели во соопштението на Министерството.
Ослободените војници ќе бидат префрлени во Москва, каде ќе бидат на лекување и рехабилитација.
Министерството за одбрана на Русија нагласи дека на целиот воен персонал му била укажана потребната медицинска и психолошка помош.
Да потсетиме, претходната размена на затвореници меѓу Русија и Украина беше на 31 јануари. Потоа во Русија се вратиле 195 војници, односно 195 украински војници во нивната земја.