Утрински Весник
Магазин

Поради неуспех на филм на „Марвел“, комичарот сѐ уште оди кај психолог

Kumail Nanjiani.webp.webp

Очекувањата беа огромни, бидејќи го режираше оскаровката Клои Жао, а Анџелина Џоли ја имаше главната улога, покрај останата „ѕвездена екипа“. Сепак, филмот наиде на лоши критики, а исто така, и заработката беше на доволно незавидно ниво.

– Критиките за филмот беа лоши и јас на тоа му посветив премногу внимание. Ја читам секоја критика. Мене ми беше навистина тешко затоа што во „Марвел“ сметаа дека филмот ќе добие добри критики, па ги оставија критиките да излезат пред премиерата. Го ставија филмот на секакви фантастични фестивали и нѐ испраќаа нас глумците на патување низ светот заради реклама на филмот во времето кога се појавија критиките. А, тоа значеше одговори на новинарски прашања во мигот кога критиките се лоши, објасни Нанџијани во ново интервју за интернет-емисијата на Мајкл Розенбаум.

Поради ваквиот исход, глумецот од филмот, познатиот комичар Кумаил Нанџијани признава дека морал да побара помош од стручно лице, т.е. психолог.

– Сè уште разговарам со него за тоа… Бевме на вечера со личност од тој филм и му велам „Тоа беше лошо, нели?“. Тој пак, рече „Да, тоа беше навистина лошо“. Мислам дека сите минавме низ истото, додаде Нанџијани.

Просечната оценка на ИМДБ е 6,3 /10. На „Ротен томатос“, го препорачуваат 47 отсто од критичарите, но и 77 отсто од гледачите пред малите и големите екрани.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста