Утрински Весник
Македонија

Земјотресот од Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

D0b2d0b5d187d0b5d180d0b2d0b0 d0b7d0b5d0bcd198d0bed182d180d0b5d181 d0bed0b4 5 2 d181d182d0b5d0bfd0b5d0bdd0b8 d0b2d0be d0b0d0bbd0b1d0b0 63cba5e1d9d94.jpeg

Земјотресот што утрово ја погоди Албанија, бил почувствуван од населението во Охрид и Кичево.

Од Сеизмолошката опсерваторија информираа дека потресот се случил во 6 часот и 32 минути, со епицентар на 130 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда 3.6 степени.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од Републиката и тоа во Охрид и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Засега нема информации за штети.

Можете да прочитате

Уапсен криумчар на мигранти во близина на ГП Долно Блаце, пронајдени четири лица од Индија

(Видео) Огромни колони за излез од Грција

Шест лица уапсени за семејно насилство во последното деноноќие