Утрински Весник
Свет

Штајнмаер во посета на Монголија

20240207113309 big 730x400 95.webp.webp

Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер денеска пристигна во дводневна посета на Монголија.

Повод за посетата е 50-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Германија и Монголија. Предвидено е Германија и Монголија да склучат стратешко партнерство.

Штајнмаер со посетата сака да испрати и геополитички сигнал. Монголија е демократска земја лоцирана помеѓу две авторитарни соседни земји – Русија и Кина.

Улан Батор сака да ги прошири своите политички и економски партнерства, а Германија сака да ја намали својата зависност од Русија.

Германија и Монголија веќе работат заедно на археолошки ископувања во Каракорум, главниот град на Монголската империја, на суровини и на меѓународно мировно зачувување.

Предвидено е Штајнмаер и да го посети Националниот музеј Џингис Кан, потоа номадско семејство и училиште за германски јазик.

Околу еден процент од Монголците зборуваат германски јазик поради фактот што многу монголски мигранти работеле во поранешна Источна Германија.

Можете да прочитате

Афера го тресе Пентагон, клучен советник буквално истеран од зградата

Британски ловци полетале два пати за да го заштитат воздушниот простор на НАТО од руски авиони

Папата Франциск кратко се појави на балконот на базиликата Св. Петар за благословот Урби и Орби и им го честиташе Велигден на верниците