Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во гостување на ТВ-емисија кај северниот сосед отворено зборуваше за поддршката која им ја дава државата на најголемите клубови. Според него ваквиот тренд не смее да продолжи, туку мора да се настојува да се најде начин за приватизација на клубовите во Србија. -Наш најголем проблем во моментов е што не можете да ги приватизирате клубовите, никој не сака да вложи пари таму каде главен збор имаат навивачите и неколку луѓе кои се прогласени за управа. Сите ние што сме им спонзори, тоа е рекет на сериозни пари што се земаат од државата. Овде сите бараат да се дадат што помалку приватни, а што повеќе државни пари. А колку повеќе пари им давате, толку повеќе слушате „Вучиќу, пе..ру“. Здрав систем е оној систем во кој ќе нема рекетирање на државата, кога ќе постојат приватни сопственици на клубовите. Погледнете ги Чукарички, ТСЦ, Мега во кошарката… тие не добиваат ништо од државата. Нема да им биде лесно на челниците на Партизан и на Црвена звезда бидејќи мораат да ги исполнат очекувањата на навивачите. А зошто приватници би давале големи пари во овие клубови кога ништо не би се прашувале и сигурно не би имале никаков профит, изјави Вучиќ.