Утрински Весник
Свет

Источниот дел на Канада парализиран од силна снежна бура

Picture 275 660x273 1.jpg

Снежна бура го парализираше источниот дел на Канада, а на некои места снежната покривка достигна и до еден метар.

Поради невремето отежнат е сообраќајот, продавниците, училиштата и институциите се затворени, а има и прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Во регионот Кап Бретон е прогласена вонредна состојба поради снегот.

Властите во најтешко погодената провинција Нова Шкотска ја повикаа армијата од соседните провинции Остров принц Едвард и Њу Бранзвик да го исчистат снегот. 

Можете да прочитате

Трамп: Договорот со Иран во голема мера е завршен, наскоро конечните детали

Канадскиот премиер: Русија ќе ја загуби војната

Зеленски: Русија лансираше околу 90 ракети и 600 дронови