Утрински Весник
Македонија

Нови шест потврдени случаи на заразени од салмонела во Берово

20240205133041 Big 730x400 27 1.webp.webp

Уште шест случаи на лица заразени со бактеријата салмонела во Берово потврдија денеска испитувањата што ги направи Центарот за јавно здравје од Кочани врз мострите што претходно ги доставиле матичните лекари.

Со тоа бројот на вкупно заболени се искачи на вкупно 11, откако минатата недела дечиња кои биле згрижени во беровската детска градинка „23 Август“ се пожалија на здравствени проблеми.

-Од резултатите што ги добивме утрово потврдени се нови шест случаи со салмонела кај деца од Берово. Анализите се направени врз основа на копрокултурите што се добиени, а наш епидемиолог работи на случајот, прави анкети и треба да се утврди дали овие заразени се поврзани до детската градинка или со друг извор. Врз основа на тие испитувања најдоцна до утре ќе знаеме од каде потекнува заразата, а дополнително ќе се види дали ќе има потреба за зголемување на обемот на испитување во целиот регион. Сè уште имаме мостри што треба да се обработат, а испитувањата се прават на два начина, со соодветна апаратура и со класични методи. Анализите за примероците од храна се работат и очекуваме и резултатите од нив да ги имаме утре, истакна Гоце Серфимов, директор на Центарот за јавно здравје – Кочани.

По минатонеделното пријавување на првите случаи на заразени деца со салмонела во беровскиот регион, има зголемен број испратени копрокултури за испитување во Центарот во Кочани. Од здравствената институција додаваат дека дел од нив не се поврзани само со градинката во Берово

Можете да прочитате

Тројца мажи физички нападнале 30-годишник во Чаир

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува

Млади момчиња уапсени, се обиделе да ограбат ЈЗУ во Велес