Утрински Весник
Македонија

Приведен криумчар на мигранти

Lisici2.webp.webp

На 04.02.2024 околу 19.00 часот во близина на село Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода Д.А.(39) од Скопје.

При преглед во возилото „ауди” со српски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник. Мигрантите бил сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

СТАНОВИТЕ СТАНАА ЛУКСУЗ: Скопје поскапува, а во Европа квадрат чини и над 22.000 евра

ЛДП: На кој Мицкоски да му веруваме — на оној од април или на оној од август?

Утре почнува учебната година со 3.000 ученици помалку во прво одделение