Утрински Весник
Македонија

МЕТЕО НАЈАВА: Топлиот пролетен бран од Африка во зима на максимум – Температурите кај нас ќе надминат 20 степени!

Xx Model En 359 0 Modez 2024020500 37 954 1 660x330 1.png

Метео анализа на Славчо Поповски:

Под влијание на топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка кон нашите краишта, во седмицата која е пред нас ќе имаме стабилно, суво и невообичаено топло време за овој период од годината со многу сонце и многу малку облаци. Температурите ќе бидат дури за околу 10 степени повисоки од нормалните.

Најтопло ќе биде денес и утре кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие можно е дури да надмнинат и 20 степени.

Невообичаено топло ќе се задржи и во остатокот од седмицата, иако за некој степен ќе имаме пониски температури. И наутро температурите на повеќе места ќе се задржат до околу, или за неколку степени над нулата, што значи дека и утрата ќе бидат значително потопли.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 13 и 15 степени.

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација

Спасовски со честитика за 55 години постоење на Хеликоптерската единица на МВР