Утрински Весник
Свет

Австралиски пистател доби условна смртна казна од кинескиот суд

Putin Erdogan 1.jpeg

Според австралиските власти, казната може да биде сменета во доживотен затвор по две години. Д-р.Јанг, научник и романсиер кој напиша блог за кинеските работи, ги негира наводите против него, кои никогаш не беа објавени во јавноста.

Австралиската влада, која побара негово ослободување, е згрозена од одлуката и ќе го пренесе својот најсилен одговор до Пекинг, рече министерката за надворешни работи, Пени Вонг.

-Постојано повикуваме на основни стандарди за правда, процедурална правичност и хуман третман за д-р Јанг, во согласност со меѓународните норми и законските обврски на Кина. Нема да попуштиме во нашето застапување, нагласи таа.

Јанг, кој претходно работел за кинеското Министерство за државна безбедност, во своите дела се залагал за демократија, но често избегнувал директна критика на владата во тие текстови.

Пеесет и седумгодишникот беше уапсен на аеродромот во Гуангжу во јануари 2019 година и обвинет за шпионажа. Неговиот случај оттогаш е главно зад затворени врати, вклучително и тајно судење во 2021 година.

Австралиските власти честопати изразуваа загриженост за третманот на д-р Јанг, но беа предупредени од кинеското Министерство за надворешни работи да не се мешаат во случајот и да го почитуваат судскиот суверенитет на нацијата.

Додека бил во притвор, Јанг бил испрашуван повеќе од 300 пати и бил подложен на интензивна тортура шест месеци, соопшти неговото семејство. 

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години