Утрински Весник
Спорт

Јунајтед победи, Челзи загуби во Премиер лигата

R1286767 1296x729 16 9.jpg

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед победија денеска на домашен терен на Вест Хем со 3:0, во натпреварот од 23. коло од Премиер лигата.

Јунајтед поведе со голот на Расмус Хејлунд во 23. минута, a потоа двоен стрелец беше Алехандро Гарначо во 49. и 83. минута.

Тимот од Манчестер ја оствари втората последователна победа, вкупно 12-та во лигата и е шеста на табелата со 38 бодови.

Вест Хем ја прекина серијата од три ремија и по седмиот пораз е на седмото место со 36 бодови.

Фудбалерите на Вулверхемптон победија со 4:2 на гостувањето кај Челзи и го прескокнаа на 10. место на табелата.

Стрелец на тројната круна на Стемфорд Бриџ беше Матеус Куња, кој ги постигна головите во 11. и 63. минута и во 82. минута од пенал. Гол за Вулверхемптон постигна и играчот на Челзи, Аксел Дисаси, кој во 43. минута ја затресе сопствената мрежа.

Головите за Челзи ги постигнаа Кол Палмер во 19. минута и Тиаго Силва во 86. минута.

Вулверхемптон е 10-ти на табелата со 32 бода, а Челзи по вториот последователен пораз падна на 11-то место со 31 бод.

Фудбалерите на Борнмаут одиграа нерешено 1:1 против Нотингем Форест на домашен терен.

Домашните поведоа со голот на Џастин Клајверт во петтата минута, а бод на Форест му обезбеди Калум Хадсон-Одои во 45. минута.

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024