Утрински Весник
Свет

Лазарини: Израел не обезбеди докази за обвинувањата против работниците на УНРВА

Gaza.webp.webp

Генералниот комесар на Агенцијата на ОН за помош и работа на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) Филипе Лазарини за „Фајненшл тајмс“ изјави дека Израел допрва треба да обезбеди докази за да ги поткрепи тврдењата дека 12 вработени во УНРВА биле вмешани во нападот на Хамас на 7 октомври.

Весникот вели дека видел разузнавачка проценка која не обезбедува докази за тврдењата на Израел, кои вклучуваат тврдење дека член на персоналот на УНРВА киднапирал жена.
Лазарини рече дека иако сериозно ги сфаќа наводите против организацијата, не може да коментира за напредокот на истрагата на Канцеларијата за внатрешен надзор на ОН, пренесува Ал Џезира.

Наводите поттикнаа 15 земји донатори да се водржат од финансирањето на УНРВА, потег што Лазарини рече дека може да доведе до тоа агенцијата да биде принудена да ја прекине помошта и операциите во Појасот Газа до крајот на февруари.

„Њујорк тајмс“ претходно објави, повикувајќи се на досието, дека еден офицер на УНРВА бил вмешан во киднапирање на жена од Израел, дека друг офицер дистрибуирал муниција, а трет бил вмешан во масакрот во кибуц во кој загинаа 97 луѓе.

Досието содржи наводи против вкупно 12 вработени во УНРВА, кои Вашингтон ги нарече веродостојни, по што агенцијата отпушти неколку вработени и го суспендираше финансирањето од странство.

Овие одлуки генералниот комесар на агенцијата на ОН Филипе Лазарини ги опиша како „шокантни“ и посочи дека „самиот опстанок“ на повеќе од два милиони луѓе во Појасот Газа зависи од УНРВА. Тој ги повика поединечните земји, вклучувајќи ги Германија, Велика Британија, САД, Франција и Јапонија, да ги „преиспитаат своите одлуки“.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш вети итен независен преглед на УНРВА, но побара од земјите донатори да го „гарантираат континуитетот“ на агенцијата поради „очајното население“ на кое служи.

Словенија и Шпанија, како и Белгија, одговорија на повикот на генералниот секретар, но таа земја ќе почека до крајот на истрагата пред да испрати помош за Газа.

Можете да прочитате

Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“