Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска и СДС можат да бидат горди, први сме од позади, 7 години една шајка не заковаа, државата ја уништија и запустија

1707051574 unnamed file.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

За какви инвестиции зборува Лукаревска, 7 години една шајка не заковаа, државата ја уништија и запустија.

Со најголеми буџети од над 5 милијарди, 7 години не можат да го направат патот Охрид Кичево, кој беше оставен со над 60% реализираност. 1 километар од Скопје до Блаце не можат да почнат, а не пак да го направат, еден селски пат немаат направено.

Лукаревска е најнеуспешен директор на УЈП. Милиони се испумпаа од УЈП со фиктивни фактури, кога ВМРО-ДПМНЕ објави таа негираше, за сега сама да признае дека имало криминал.

Јавниот долг го зголемија за 70% за 7 години, а лекови за болни нема.

Милиони фрлија по тендери, а секоја учебна година почнува без учебници.

Државата е колабирана по сите основи.

Сите земји од регионот од 2017 до 2023 годима имаат раст на БДП по глава на жител над 50%, само Македонија со СДС и ДУИ 20%. Прашањето како е тоа можно? Одговорот е имаме влада која е двојно послаба од владите во сите околни држави од Албанија, преку Србија и Црна Гора до БИХ. Нема држава во регионот која е зад нас.

СДС и ДУИ можат да бидат горди, први сме, но од позади.

СДС и ДУИ ја уништија државата. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот до граничниот премин Блаце, укинати сите ограничувања

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила