Утрински Весник
Македонија

Таравари најави предизборна коалиција со албанската опозиција, Лога возвраќа со самостоен настап

Taravari.jpg

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари попладнево со фејсбук статус откри дека на престојните избори неговата партија ќе оди во коалиција со албската опозиција. Во образложението за ваквата одлука Таравари наведува дека ја донел поради граѓаните кои што бараат промени. -Верувајќи непоколебливо во моите колеги партиски членови и во нашата заедничка визија, барам доверба дека Алијансата за Албанците ќе влезе во изборна трка со албанската опозиција, а заедно ќе го направиме најдоброто за оваа држава!,пишува Таравари на фејсбук. Таравари оваа одлука ја сподели со јавноста по вчерашната средба што ја имаше со лидерот на ДУИ Али Ахмети и техничкиот премиер Талат Џафери. По споделената вест на лидерот на АА,Таравари, со реакција на фејсбук се јави генералниот секретар на партијата, министерот за правда Кренар Лога кој информира дека партијата е на став за самостоен настап на изборите.

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина