Утрински Весник
Економија

Николовски: Лозарите за Св. Трифун можат да очекуваат поддршка од 40.000 денари за дополнителните субвенции и поддршката за претрпена штета

Img 2575.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со државаниот советник за рурален равој, Трајан Димовски, раководителите на секторите за рурален развој и секторот лозарство, винарство и овоштарство, како и пратениците Панчо Минов, Даниела Колева и Лолита Ристова, денеска остварија средба со земјоделците и лозарите од Кавадари и тиквешијата.

Традиционално пред големиот празник и заштитник на лозарите, Св.Трифун, до сметките на сите лозари ќе бидат исплатени и дополнителните субвенции за 2023 година, како и поддршката кон лозарите за претрпени штети по лозовите насади.

„Лозарите во 2023 година ја добија 30%, или 12.000 денари, авнсна исплата на субвецниите за 2023 година. Традиционално на празникот Св. Трифун лозарите ќе ги добијат и преостанатите дополнителни субвенции или 28.000 денари, а на истиот празник ќе бидат исплатени и 12.000 денари по хектар дополнителна поддршка од претрпени штети по лозовите насади, без селекција и за производтелите на винско и трпезно грозје”, истакна министерот Николовски.

Дополнителната мерка која ја креиравме во 2023 година од 1 денар по килограм за предадено винско грозје, додаде министерот Николовски, до лозарите ќе биде исплатена по целосното завршување со исплатата на основните субвенции.

Министерот Николовски на средбата истакна дека 2023 година беше година на нови можности во македонското земјоделство.

„Во 2023 година стартуваше новиот модел за субвенционирање, и тогаш кога овде пред вас го прзентиравме, реков дека овој нов модел ќе биде поефикасен, побрз со поддршка за секој вистински земјоделец. И тоа се случи. Како ниту една година претходно, субвенциите за 2022 беа во целост исплатени кон сите земјоделци уште пред законскот рок. За прв пат во истата година земјоделците добија авансна исплата на основните субвенции за тековната година. Ова може секој од вас да го потврди, бидејќи тие средства дошле и до вашите сметки”, истакна министерот Николовски.

Министерот Николовски додаде дека нема ништо поубаво и ништо подобро од тоа што може секој еден од вас земјоделците да го погледнам во очи, гордо и без срам дека дадениот збор пред вас е сум го одржале. За нас, како министерство од стратешка важност е лозарството и винскиот сектор, чиј извоз позитивно влијае и во јакнење на домашната економија.

Можете да прочитате

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен