Утрински Весник
Свет

Германија ќе го легализира канабисот од 1 април

Kanabis 2.jpg

Партиите од германската владејачка коалиција ги договорија последните детали за легализацијата на канабисот, со што законот може да стапи на сила на 1 април, најавија заменик-претседателите на пратеничките групи Дагмар Шмит (ГСДП), Марија Клајн-Шмајнк (Зелени) и Константин Куле (СВП) по последната рунда преговори во Берлин, објави ДПА.

-Прописите се вистинска пресвртница за модерна политика за дроги која ја зајакнува превенцијата и ја подобрува заштитата на здравјето, децата и младите, велат тие.

Во иднина, возрасните ќе можат да одгледуваат канабис дома и да поседуваат мали количини. Од 1 јули на клубовите ќе им биде дозволено заедничко одгледување.

Формално, законот треба да биде усвоен од Бундестагот во неделата почнувајќи од 19 февруари. Потоа ќе биде донесен во Бундесратот на 22 март, каде што не се очекува да има пречки.

Сепак, од 1 април, забраната за канабис што е на сила повеќе од 40 години е речиси сигурно дека ќе биде укината, наведува Агенцијата.

Можете да прочитате

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж