Утрински Весник
Свет

Мал авион се урна врз мобилна куќа на Флорида, избувна голем пожар, има загинати

20240202082838 Big 730x400 21.webp.webp

Неколку луѓе загинаа кога мал авион вчера вечерта се урна врз мобилна куќа во Клирвотер, Флорида, предизвикувајќи пожар кој зафатил неколку околни куќи, соопшти локалната полиција.

Несреќата била пријавена во 19:08 часот во Бејсајд Естејтс, голем парк за мобилни домови, им изјави на новинарите доцна вчера началникот на пожарникарната и спасувачката служба на Клирвотер Скот Елерс. Клирвотер се наоѓа во областа на заливот Тампа.

„Можам да потврдам дека имаме неколку жртви и од авионот и во внатрешноста на мобилниот дом“, рече Елерс. „Се уште работиме да се осигураме дека нема дополнителни жртви, немаме повеќе информации во овој момент“.

Шефот на противпожарната служба не можеше веднаш да каже колку луѓе загинале, а Федералната управа за авијација не потврди колку луѓе имало во авионот. „Екипите направија феноменална работа брзо да го изгаснат пожарот“, рече Елерс, додавајќи дека екипите сè уште работат на локализирање на пожарот и пронаоѓање на жртвите.

Елерс рече дека авионот удрил само во една куќа. Сепак, пожарот што следел оштетил уште најмалку две, откри тој. „Авионот е пронајден во една куќа, претежно во таа куќа“, рече Елерс.

Непосредно пред несреќата, рече Елерс, пилотот пријавил кај контролорите на летање на меѓународниот аеродром Сент Пит-Клирвотер дека авионот „имал проблеми“.

„За време на тој разговор со воздушната кула, воздушната кула ги изгуби на радарот, на околу три милји северно од пистата“, рече Елерс. ФАА во соопштението наведе дека пилотот пријавил „дефект на моторот“.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата