Српскиот кошаркарски претставник во елитното европско клупско натпреварување Евролигата, Партизан во 22. коло доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Монако (85:70). „Црно-белите“ по три одиграни четвртини беа во игра за неизвесна завршница (65:61), но Монако во последниот период немилосрдно ги казнуваше грешките на гостите од Белград, набрзина постигнаа девет поени по ред и направи предност од 11 поени(74:63), решавачка за крајниот исход. Ова е прва ппобеда за францускиот првак Монако во четвртатат евролигашка пресметка со Партизан. Кевин Пантер беаш расположен за игра кај Партизан, го заврши мечот со 28 поени но немаше вистинска поддршка кај соиграчите. Партизан сега е десетти со скор од 12-12 победи и порази, каков што има и 11. пласираната Басконија. Во последните десет кола, пред белградскиот тим е тешка борба за место во топ-10 за разигрувањето. За Монако ова беше трет триумф во низа и четврти на последните пет натпревари во Евролигата.