Утрински Весник
Свет

Гутереш: Палестинската агенција за бегалци е столбот на хуманитарниот одговор во Газа

Unnamed 2.jpg

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ја опиша агенцијата за палестински бегалци (УНРВА) како „рбетот на целиот хуманитарен одговор во Газа“. Гутереш апелираше до сите земји „да го гарантираат континуитетот на работата на УНРВА за спасување животи“. САД се најголемиот донатор на палестинската агенција на ОН за бегалци на Блискиот Исток и привремено го прекинаа своето финансирање – заедно со неколку други земји – откако Израел обвини дел од персоналот на агенцијата за вмешаност во нападот на милитантите на Хамас на 7 октомври. „Лично бев ужаснат од овие тврдења“, изјави Гутереш пред Комитетот на ОН за правата на палестинскиот народ и додаде „вчера се сретнав со донаторите за да ги слушнам нивните грижи и да ги опишам чекорите што ги преземаме за нивно решавање“.

Можете да прочитате

СЗО прогласи глобална тревога поради нов бран на ебола 

Арагчи предупреди: Нов конфликт со Иран ќе им донесе многу повеќе изненадувања на САД и Израел

Русија и Кина ги усогласија маршрутата и начинот на градба на новиот гасовод