Утрински Весник
Македонија

Средба Џафери – Ќехаја: Северна Македонија и Косово работат на продлабочување на економската и добрососедска политика

31012024 PVRSM sredba 2.jpeg

Премиерот на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, Н.Е. Флориан Ќехаја.

На средбата беше истакнато дека двете држави имаат позитивни и конструктивни билатерални односи, отворен дијалог, меѓупарламентарна соработка, како на билатерално, така и на мултилатерално ниво.

Соговорниците истакнаа дека ќе продолжи посветеноста на двете држави на натамошно продлабочување на односите меѓу Косово и Северна Македонија, пред сé на унапредување на трговската размена, соработката во доменот на енергетиката и економијата.

Можете да прочитате

Огномет, илјадници граѓани на плоштад – спомените на Перо Камиказа од 8 Септември 1991

Како се раѓаше денарот – Трпески: ЈНА се уште беше во Македонија

Гоцевски за деновите на осамостојувањето: ЈНА беше подготвена, а Македонија немаше своја армија