Утрински Весник
Свет

Деветнаесет загинати и 22 повредени во автобуска несреќа во северозападниот дел на Мексико

20240131074612 big 730x400 6.webp.webp

Во верижен судар меѓу автобус и товарен камион во северозападниот дел на Мексико загинаа 19 лица, а 22 се повредени, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила во Елота, популарна туристичка дестинација за канадски и американски граѓани, а двете возила целосно биле зафатени од пламен.

„Изброивме 19 тела. Идентификацијата ќе ни одземе малку време, имајќи предвид дека тие се јагленосани. Бидејќи имаме информации за починати лица, ќе ги споделиме“, рече Сара Кињонез, државен обвинител на државата Синалоа.

Автобусот тргнал од градот Гвадалахара и имал крајна дестинација во Лос Мочис во државата Синалоа, позната и како една од лулките на трговијата со дрога во Мексико.

Можете да прочитате

Во 2026 повторно ќе се плаќа такса за посета на Венеција

Русија ќе одговори доколку другите земји ѝ дозволат на Украина да го користи нивниот воздушен простор за напади

Марта Кос ги оцени инцидентите на локалните избори во Србија