Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Чави откри дека и Гвардиола го предупредил дека работата во Барселона е сурова

Screenshot 13 7 850x491 1.jpg
300x250 opst2

По поразот од Вилјареал на актуелниот шпански фудбалски првак Барселона, тренерот Хернадес Чави потврди дека на крајот од сезоната ќе замине од „Камп Ноу“, но откако страстите се смирија денеска најави дека би можел еден ден да се врати. Одлуката Чави да замине на крајот од сезоната  беше главна тема на денешната прес-конференција пред натпреварот со Осасуна. -Можеби ќе се вратам еден ден, јас сум клупски човек. Секогаш ќе бидам на располагање кога клубот ќе смета дека сум потребен. Во овој момент мислам дека на клубот е потребна друга личност и поинаков тренер, порача Чави. Одлуката Чави не ја донел брзо, па откри дека на вакво нешто размислувал уште од минатото лето. -Одлуката е за доброто на клубот. Уште минатото лето знаев дека ова е моја последна сезона, откри шпанскиот стратег. На оваа тема Чави разговарал и со Пеп Гвардиола пред да дојде во клубот, а тој го предупредил дека работата на „Камп Ноу“ е сурова. -Пеп ме предупреди за ова, ми кажа како одат работите во Барса. Тоа го имам зборувано и со Ернесто Валверде, а сите знаеме дека страдаше и Луис Енрике. Имаме проблем во опкружувањето, се создава неверојатен притисок и не се ужива во секојдневната работа, изјави Чави.

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај