Утрински Весник
Македонија

Двајца повредени во сообраќајна несреќа во Бутел

Soobrakajka.jpg

Две лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа во Скопје.

На 29.01.2024 во 12.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Босна и Херцеговина“ со ул.„Тале Христов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В.(43) и патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(29), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Н. констатирани во приватна болница во Скопје, додека со телесни повреди се здобил М.В., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Филипче: Власта ја кочи државата – нема реформи во правосудството, антикорупцијата и медиумите

До крајот на декември на јавна расправа новиот закон за високото образование, наскоро и нова нацрт-концепција за гимназиското

Во Ѓорче Петров 15-годишно девојче со сила внесено во автомобил и нападнато од поранешниот дечко