Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев: Добрите резултати на МВР придонесоа за напредок на Македонија на листата на „Транспаренси интернешнл“ за перцепција на корупција

423313652 122117818280169469 5669671809925685178 N.jpg

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи изрази задоволство од тоа што Македонија изминатата година забележала напредок од девет позиции на листата на „Транспаренси Интернешнл“ според Глобален индекс за перцепција на корупцијата.

„Во 2023 година земјава е позиционирана на 76. место од вкупно 180 земји на листата на „Транспаренси Интернешнл“ според Глобален индекс за перцепција на корупцијата, што е позитивен скок од девет позиции во однос на 2022 година кога Република Северна Македонија беше на 85. место на листата. Во регионален контекст, земјава e подобро рангирана од Косово кое е на 83. место, Албанија на 98. позиција, Србија на 104. место и Босна и Хецеговина која е на 108. Позиција.

Тука би потсетил на резултатите на МВР под водството на Oliver Spasovski во делот на борбата против корупцијата, односно само во 2023 година утврдени се над 64 коруптивни злоупотреби, откриени 121 кривични дела, со вкупно 178 сторители, причинета е материјална штета од над 350 милиони денари. Откривачката функција на полицијата во 2021 година беше зголемена за дури 50%. Од страна на ОСОСК во временскиот период од 2017 – 2023 година само за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластувања“ биле поднесени вкупно 44 кривични пријави против 170 физички и 2 (две) правни лица.

Глобалниот индекст за перцепција на корупцијата претставува индикатор за оценка на успехот на антикорупциските политики и стратегии. Неговата вредност се наоѓа во тоа да се создаде свесност и да се поттикне дебата и акција против корупцијата“ пишува Бојмацалиев.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство