Неколку лица се повредени во експлозијата што се случи синоќа во станбена зграда во Ротердам, а тројца од нив се водат како исчезнати, јавуваат холандските медиуми.
Експлозијата се случила во автомобил во гаражата под станбениот комплекс, а потоа избувнал пожар, јавува „НЛ Тајм“.
Од силината на експлозијата автомобилот излетал од гаражата на улица, а најмалку едно лице е хоспитализирано, велат од итната помош.
Портпаролот на регионалните служби за итни случаи во Ротердам не можеше да даде информации за природата или сериозноста на повредите на луѓето внатре во објектот.
Според очевидци, експлозијата се слушала на километри, а искршени се десетици прозорци на куќи во близина на местото на експлозијата и пожарот.
Регионалната служба за итни случаи ги предупреди граѓаните на големото количество чад.
Три часа по инцидентот, пожарникарите се уште се мачеа да ја стават ситуацијата под контрола.
„NL Tajm“ додава дека претходно синоќа едно лице било застрелано на улица во областа Ротердам.