Утрински Весник
Македонија

Прва седница на преодната влада

1706597088 IMG 1574.jpeg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, за денеска со почеток во 12:00 часот, ја закажа првата седница на новоизбраниот владин состав. 

Како што соопштуваат од владината прес-служба, за заклучоците и одлуките на седницата, јавноста ќе биде информирана по завршувањето на седницата. 

Преодната Влада предводена од Џафери беше избрана во неделата. Целта на оваа влада е организирање и спроведување на фер и демократски избори. Мандатот на техничката влада е до изборот на нова политичка влада, по парламентарните избори што треба да се одржат на 8 мај. Две недели претходно на 24 април во земјата треба да се одржат претседателски избори. 

Можете да прочитате

Силјановска-Давкова од Анкара: Македонскиот јазик мора да се негува и пренесува на идните генерации

Извештајот за спорните операции на срце стигнал до Владата, но останува под превезот на тајност вели Клековски

До 20 часот изгаснати 12 пожари, продолжува борбата со огнот кај Кичево и Битола