Утрински Весник
Македонија

Утрото ведро и студено, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност

I mnogu studeno1.jpg

Утрото ведро и студено, во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 9 степени.

До четврток времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени. Во петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат во пораст, особено за време на викендот.

Можете да прочитате

На ГП Блаце спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле

Вечерва во „Ноќно студио“: Системот против семејното насилство

„Тиквеш“ прогласен за најдобар производител на вино од Македонија на престижниот Mundus Vini