Утрински Весник
Магазин

Кардиолог тврди дека една диета предизвикува таложење на наслаги во артериите

Vegetarijanska Keto Dijeta.jpg

Еден од најголемите фактори на ризик за срцеви заболувања е таложењето на наслаги во артериите. Иако е општо познато дека храната богата со хранливи материи е добра за здравјето на срцето, а ултра-обработената храна не е добра, постои една диета што многумина ја следат и која всушност може да прави повеќе штета отколку корист.

“Во последно време, многу луѓе ја практикуваат кето диетата богата со масти и ниски јаглехидрати. Тоа е една од најлошите диети кога станува збор за таложење на наслаги”, објаснува кардиологот Али Хајдер.

Според докторот, иако кетогената диета може да им помогне на некои луѓе да се ослободат од вишок килограми, тоа не е добар план за исхрана за здравјето на срцето. Исхраната богата со заситени масти е поврзана со зголемување на LDL холестеролот, што може да доведе до таложење на наслаги во артериите.

Ако кетогената диета не е најдобриот план за исхрана за здравјето на срцето, тогаш што е?

д-р. Хајдер препорачува докажана медитеранска исхрана. Многупати научно е докажано дека овој план на исхрана има корист за здравјето на срцето, а др. Хајдер истакнува дека, за разлика од кетогената диета, таа вклучува малку заситени масти.

“Редовно проверувајте го крвниот притисок, нивото на шеќер во крвта и холестеролот и разговарајте со вашиот лекар. Водете здрав начин на живот – не пушете, јадете хранлива храна и редовно вежбајте. И конечно, задолжително посетете кардиолог ако имате семејна историја на срцеви заболувања“, советува докторот.

Со овие три правила, ќе направите многу за да го спречите создавањето наслаги во вашите артерии и да го одржите вашето срце здраво.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста