Утрински Весник
Свет

Нетанјаху: Има и неприфатливи услови за ослободување на заложниците

Netanjahu 1.jpg

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху издаде соопштение во кое не негираше дека Израел се согласил на рамка за ослободување на заложниците, но рече дека извештаите за договорот се неточни и вклучуваат услови кои не се прифатливи за Израел.

Во извештај претходно објавен од Канал 12 се тврди дека Израел се согласил на 45-дневна пауза во борбите во замена за ослободување на 35 заложници во првата фаза. Според  медиумот, околу 100-250 палестински затвореници ќе бидат ослободени за секој Израелец испратен дома, објави „Тајмс оф Израел“.

Кабинетот на Нетанјаху, исто така, изјави дека е постигнат „значаен напредок“ во враќањето на раселените жители од југот на Израел во нивните домови.

Во соопштението се додава дека Нетанјаху денеска одржал состанок на оваа тема со различни официјални лица и дека е постигнат значителен напредок, како и дека се прават конечни прилагодувања за да се продолжи напред по ова прашање.

Одлуките наскоро ќе бидат претставени пред кабинетот за да се разговара за нив, се додава во соопштението.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење