Утрински Весник
Свет

Земјоделците ја блокираа Франција, над 800 трактори на автопатите

Capture 7.jpg

Француските земјоделци денеска блокираа осум автопати кои го поврзуваат Париз со големите градови со речиси 800 трактори, додека блокадите продолжуваат во неколку француски окрузи.

Водечкиот синдикат на земјоделци FNSEA објави дека земјоделците со трактори немаат намера да влезат во Париз, туку да блокираат неколку стратешки патишта, објави весникот „Фигаро“ на својата веб-страница.

Земјоделците порачаа дека не знаат до кога ќе трае блокадата и дека тоа ќе зависи од одлуките на новиот премиер Габриел Атал.

Блокади се најавени и низ други градови, како Лион, Бордо и Марсеј, каде ќе се организираат таканаречени „операции на полжави“, односно бавно возење до местото на блокадата.

Властите претходно најавија дека денеска ќе распоредат околу 15.000 полицајци, додека министерот за внатрешни работи Џералд Дарманен побара од полицијата и жандармеријата да покажат умереност и да интервенираат само како последна мерка, доколку е загрозен интегритетот на луѓето или во случај на сериозни оштетувања на објекти.

Можете да прочитате

Итна евакуација на 40.000 луѓе во Калифорнија поради истекување на опасна хемикалија

Трамп нема да присуствува на свадбата на својот син Доналд Помладиот поради државни обврски

Унгарија го забрани увозот на земјоделски производи од Украина