Утрински Весник
Свет

Британскиот крал Чарлс Трети е отпуштен од болница по операција на простата

Picture 1483 660x487 1.jpg

Британскиот крал Чарлс Трети денеска бил отпуштен од приватна клиника во Лондон, откако беше подложен на медицинска интервенција поради зголемена простата, пренесе БТА. Монархот, кој има 75 години, бил примен во болница каде што неговата снаа, принцезата од Велс, неодамна направила операција на абдоменот. Кенсингтонската палата претходно денеска соопшти дека таа се вратила дома. На Чарлс, кој се искачи на тронот пред 16 месеци, оваа бенигна болест му беше дијагностицирана на 17 јануари. Тој ги откажа ангажманите пред медицинската процедура, која беше направена минатиот петок попладне. Кралот одлучил однапред да ја објави интервенцијата за да ги охрабри другите мажи да ја проверат својата простата во согласност со советите за јавно здравје.

Можете да прочитате

Два танкера погодени од проектили во близина на брегот на Саудиска Арабија

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира – САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025

Нов бран протести низ Франција поради зголемените трошоци за живот