Утрински Весник
Македонија

ФОТО: Џафери без комплекси со службениот мерцедес се паркираше на плоштад за да пие кафе

9605a9c3 2844 4d8b a8bf b02756acc2a2 1536x1135 1.jpg

Само неколку часа откако и официјално стапи на функцијата технички премиер и исто толку часови откако изјави дека нема како што кажа „комплекс со што доаѓам, дали со мерцедес или приватно ќе си одам дома“ владиниот автомобил кој од денеска го превезува Талат Џафери, беше забележен од објективот на Слободен печат ни повеќе ни помалку туку паркиран на градскиот плоштад.

„Иако е строго забранет сообраќајот на скопскиот плоштад за сите видови возила, глетката беше несекојдневна, бидејќи платото пред познатиот скопски ресторан беше опколено од службеното обезбедување на техничкиот премиер“ пишува порталот Слободен Печат.

Џафери е третиот технички премиер и на оваа функција ќе остане најмалку 100 дена, односно до одржувањето на парламентарните избори закажани за осми мај.

Можете да прочитате

СДСМ: Не вреди извинувањето на Љутков, Владата намерно ги понижува културните работници

Дсвкова, Мицковски и Тошковски Велигденските празници ги минуваат во државните вили во Охрид

ВРЕДИ со честитка за Велигден