Италијанецот Јаник Синер е во центарот на вниманието кај спортската јавност откако најпрво во полуфиналето во петокот го елиминираше десеткраниот шампион на тенискиот гренд-слем Австралија опен, Србионот Новак Ѓоковиќ, а вчера во финалето со голем пресврт го победи и Русинот Данил Медведев. Италијанецот на финалниот меч во Мелбурн покажа смиреност и се врати во игра по два сета негатива. Откако ја освои првата гренд-слем титула во кариерата, Синер добива честитки од сите страни ширум светот.
Веќе можевме да ги видиме пораките кои му ги испратија Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкарас и Рафаел Надал, но во низата се приклучи и Марија Шарапова која беше најкреативна со својата објава. Популарната Маша се наврати на една незаборавна дружба која ја имала со младиот тенисер, кој во видеото е прикажан во навистина несекојдневно издание.
– Знаев дека еден ден ќе се покаеш за ова. Ти честитам шампионе! Трпение, сталоженост и класа.