Утрински Весник
Свет

Десетици Палестинци убиени и ранети во нови напади на израелската армија

Gaza.webp.webp

Десетици Палестинци се убиени и ранети во нападите на што израелската армија ги изврши во текот на ноќта врз Појасот Газа, јави палестинската агенција Вафа.

Како што е наведено, 23 лица загинале во израелско гранатирање на куќа западно од кампот Нусејрат, во централниот дел на Појасот Газа, додека 14 лица загинале во гранатирање на друга куќа.

Министерството за здравство во Појасот Газа, кое е под контрола на Хамас, вчера соопшти дека бројот на загинати Палестинци во Појасот Газа од 7 октомври минатата година е зголемен на 26.422, а повредени се 65. 087 лица.

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела