Утрински Весник
Македонија

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Оваа недела ќе ја поминеме во знакот на антициклонот “Зевс” кој носи стабилно и суво време!

850temp anom 20240129 00 192 660x330 1.jpg

Метео анализа на Славчо Поповски:

Во текот на оваа седмица ќе бидеме под влијание на антициклонот “Зевс” кој освен нас, го опфаќа и поголемиот дел од Европскиот Континент. Времето ќе биде стабилно, суво и со се повеќе сонце. 

Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието и во источните предели повремено засилен ветер од северен правец.

Наутро температурите, ос

обено во првите денови од оваа седмица ќе бидат многу ниски и ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -10 и -2 степени, а тие понекаде ќе се спуштаат  и под -10 степени. Максималните дневни температури ќе бидат во постепен пораст секојдневно.

Особено натпросечно високи температури преку ден ќе имаме за време на викендот кога тие ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, стабилно и суво со се повеќе сонце. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -4 и -2 степени, а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 7  и 9 степени.

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”