Утрински Весник
Свет

Сијарто во посета на Украина

1706521489 Unnamed File.webp.webp

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто денеска во Украина ќе се сретне со својот колега Дмитро Кулеба, во пресрет на европскиот самит каде главна тема ќе биде финансиската помош за Киев по неодамнешното вето од Будимпешта.

Целта на посетата е да се подготви средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за да се „најде решение“ за нивните несогласувања и да се „одблокираат клучните одлуки на Европската унија (ЕУ) за Украина“, соопшти Киев.

Знак за крајно заладените односи меѓу двата соседа е фактот што Сијарто не стапнал во Украина од почетокот на руската офанзива, а неколку пати ја посети Москва.

Средбата ќе се одржи во Ужгород, каде што живее голема заедница на Унгарци.

Мерките за безбедност се засилени бидејќи унгарскиот министер добил писмо со закани со смрт. На средбата ќе присуствува и шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак.

Орбан е единствениот европски лидер кој одржува блиски врски со Кремљ и има комплицирани односи со Украина. Тој во декември ја блокираше исплатата на 50 милијарди евра помош за Украина во текот на четири години и рече дека е подготвен да го поддржи Киев, но „надвор од заедничкиот буџет“ на ЕУ и со можност за годишна ревизија.

Вонредниот самит е планиран за в четврток во Брисел во обид да се најде компромис.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме