Утрински Весник
Македонија

Бугарите видно нервозни, откако Вучиќ ја прати оваа порака среде Скопје

Vuchik

-Ние немаме поблизок народ од македонскиот и тоа јасно го кажувам пред целата српска и македонска јавност. Ние ништо не бараме од вас и немаме никакви услови за било што. Ништо не очекуваме и единствено што би сакале е да имаме подобри и поблиски односи. Ние не ви бараме никакви промени на Уставот, тоа е ваша внатрешна работа. Ние не ви бараме ништо и единствено од вас очекуваме и се надеваме да ја прифатите нашата братски пружена рака. Немаме ниту еден меѓусебен проблем, рече вчера српскиот претседател Александар Вучиќ на одбележувањето на празникот Свети Сава во Скопје.

Таквиот говор на Вучиќ, сериозно ги изнервира Бугарите, па буграската новинска анегнција БГнес оцени дека српскиот претседател Александар Вучиќ „во центарот на Скопје отворено се занимава со антиевропска реторика и пропаганда што води кон блокирање на европската перспектива на Северна Македонија“.

Можете да прочитате

Влажни коловози на државните патишта, се препорачува внимателно возење

Променливо облачно со засилен ветер кој наместа ќе надминува 60 км/h

Малиш Саздовска: Шумската мафија заработува огромни пари, без корупција во институциите овој криминал не може да опстои