Утрински Весник
Свет

Бајден до гласачите: Вие сте причината поради која Трамп е губитник

Bajden.jpg

Американскиот претседател Џо Бајден го нарече Доналд Трамп губитник за време на предизборниот митинг во Јужна Каролина.

Бајден потсети дека токму оваа сојузна држава му помогна на прелиминарните избори на Демократската партија во 2020 година и ја спаси неговата кампања.

„Вистината е, јас не би бил тука без демократските гласачи од Јужна Каролина. Тоа е факт. Затоа сакам да започнам со многу едноставна порака од срце.

Ви благодарам. Ако некогаш се сомневате дека моќта да ја промените Америка е во ваши раце, запомнете го ова. Вие го докажавте тоа. Вие сте причината зошто јас сум претседател, зошто Доналд Трамп е поразен поранешен претседател и губитник. Вие сте причината зошто повторно ќе го победиме“, рече тој.

Можете да прочитате

Водени топови, солзавец и судири со полицијата: Над 400 лица уапсени на протестите во Франција

Водени топови, солзавец и судири со полицијата: Над 400 лица уапсени на протестите во Франција

Израел изврши воздушен напад врз главниот град на Јемен