Утрински Весник
Македонија

Македонија набавува 8 италијански хеликотпери, исти такви купува и Словенија

IMG

Како што неодамна соопшти министерката за одбрана Славјанка Петровска, Македонија ќе купи осум хеликоптери од италијалнскиот производител Леонардо, во вредност од околу 230 милиони евра.

„Едниот хеликоптер е со поголема носивост – до 14 патници со опрема, а другиот е со помала носивост – до 8 патници, исто така, со вклучена опрема. Тоа е она што во моментов можам да го соопштам за понудата. Се разбира, сега одиме на следна фаза – на комисија за набавки. Досега тоа го работеше интегрираниот проектен тим, сега согласно процедурите ќе се формира комисија која ќе започне со преговарање со компанијата чија понуда е селектирана како најповолно“ рече на почетокот на неделава Петровска.

Според планот, хеликоптерите на нашата држава треба да и бидат испорачани во период од 24 до 36 месеци.

Дека станува збор за реномиран производител на воздухоплови, говори и фактот дека уште една земја членка на НАТО, Република Словенија ќе набави исти такви хеликоптери.

Според набавката на словенечкото министерство за одбрана од ноември 2023 година, Словенија во следниот период ќе добие шест повеќенаменски хеликоптери од истиот производител, италијански „Леондардо“

Можете да прочитате

Зијадин Села реагира на судска одлука со која раководењето со АА му е доделено на Арбен Таравари

Европски фронт предводен од ДУИ поднел Предлог-резолуција за Законот за употреба на јазиците во правосудниот испит

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите