Утрински Весник
Македонија

Вицепремиерот Битиќи се сретна со новоименуваниот литвански амбасадор, Едуардас Борисовас

Img 8314

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска се сретна со Едуардас Борисовас, новоименуван амбасадор на Република Литванија во Република Северна Македонија, со седиште во Загреб.

Новоименуваниот амбасадор Борисовас го информираше вицепремиерот Битиќи за евроинтегративниот пат на Литванија и нејзиното позитивно искуство со овој процес, пред се во делот на економијата, што од страна на соговорниците беше оценето како искуство кое може да се искористи и за евроинтегративните процеси на Северна Македонија.

На средбата од двете страни беше истакнато дека одличните политички односи помеѓу Литванија и Северна Македонија треба бидат основа за отворање на нова ера во односите помеѓу државите во делот на развој на економските односи, унапредување на трговската размена и зголемување на довербата помеѓу бизнис заедниците.

Енергетиката, со посебен акцент на транзицијата кон обновливи извори на енергија, иновативните технологии и ИКТ индустријата беа оценети како сектори во кои постојат добри и реални можности за продлабочување на економските врски помеѓу две земји.

Можете да прочитате

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1 740 килограми небезбедна храна

Нема подолги задржувања на граничните премини

Медитерански циклон ни носи многу дожд и локално невреме!