Утрински Весник
Македонија

Николовски уверува дека 2024-та ќе биде година на нови мерки во сточарството

Img 8305

Министерот за земјоделоство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска на прес-конференција во Владата ги претстави мерките за поддршка на земјоделците што ќе ги доделува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за 2024 година.

-Владата ги усвои предложените годишни програми за работа на Министерството за 2024 година со кои уште еднаш на дело покажуваме дека за нас земјоделството е важен и приоритетен сектор, но и важна економска гранка за развој на македонската економија и за развој на руралните средини, рече Николовски.

Тој нагласи дека Владата води искрена грижа за секој земјоделец и оти креира повеќе нови мерки за поддржување на секој земјоделец според потребите на земјоделците преку кои, како што кажа, ќе се постигне одржливост и раст во земјоделството.

-Оваа 2024 година ќе биде година на сточарството. Поддршката за женски грла говеда постари од 12 месеци ја зголемуваме од 4.000 на 12.000 денари. Се зголемува и поддршката за предадено јагне во кланичните регистрирани капацитети од 400 на 1.000 денари. Зголемување има и кај амортизираните несилки предадени во регистрирани кланични капацитети каде поддршката од 120 се зголемува на 150 денари, рече Николовски.

Креирана, е додаде, нова мерка за поддршка во одржувањето на ливадите од 6.000 денари по хектар, се зголемува и платата за овчарите од досегашните 360.000 денари по овчар на 620.000 денари годишно и се трга досегашниот критериум над 700 метри надморска височина. Стартува и процесот на вкрстена сообразност.

– Во 2024 година сточарите заедно со земјоделците ќе добијат авансна исплата на 30 проценти од основните субвенции за 2024 година. Исплатата, пак, на преостанатите 70 проценти од субвенциите кај сточарството се поврзува со предавање на производството во регистрираните преработувачки капацитети – млекарниците или кланиците, истакна Николовски.

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути