Утрински Весник
Свет

Украина индиректно го призна соборувањето на авионот, се огласи Зеленски, го откажа патувањето

Urnat Avion 1

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Москва дека „игра со животите на украинските затвореници“ по смртоносната авионска несреќа во западна Русија. Тој бара меѓународна истрага по несреќата што се случи вчера во Белгородската област во близина на украинската граница.

Од друга страна, Русија соопшти дека нема преживеани откако украинските сили го собориле авионот Ил-76 со 65 украински воени заробеници, шестмина руски членови на екипажот и тројца чувари. Москва тврдеше дека Украинците биле во авионот за размена на затвореници.

Украинската воена разузнавачка служба соопшти дека не ѝ било кажано да обезбеди безбеден воздушен простор, како што било во претходните прилики на трансфер на воени заробеници.

Во своето видео обраќање доцна синоќа, претседателот Зеленски рече дека „очигледно е дека Русите си играат со животите на украинските затвореници, со чувствата на нивните роднини и со емоциите на нашето општество“.

Зеленски, кој денеска го откажа планираното регионално патување поврзано со неговиот роденден, нагласи дека „мора да се утврдат сите факти“.

Вчерашните изјави на украинската воена разузнавачка служба се сметаат, според Би-би-си, за премолчено признание дека соборила воен транспортен авион, иако нагласи дека нема веродостојни информации за тоа кој се наоѓал во авионот.

Можете да прочитате

„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен да се борат во Украина

Хезболах истрела 150 ракети кон Израел

Телефонски разговор Путин – Ердоган