Утрински Весник
Свет

Стејт департмент: Приштина да ја преиспита одлуката за укинување на српскиот динар

State Department

Американскиот Стејт департмент ја повика Приштина да ја преиспитаат одлуката за укинување на српскиот динар како платежно средство, објавија српските медиуми.

– Ја повикуваме Владата на Косово да ја разгледа одлуката, да се консултира со засегнатите заедници, да одговори на загриженоста изразена од меѓународната заедница и да обезбеди доволно време за спроведување на нејзините одлуки, со цел да се ублажи влијанието што овие одлуки ќе го имаат врз граѓаните, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Исто така се истакнува загриженост на САД за регулирањето на Централната банка на Косово, како и оти Србија има право да обезбеди финансиска помош за припадниците на српската заедница на Косово.

– Загрижени сме дека декретот усвоен на 27 декември ќе има негативно влијание врз етничката српска заедница во Косово, се додава во соопштението Стејт департментот и го потсетува косовскиот премиер Албин Курти за преземените правно обврзувачките обврски, меѓу кои и формирање на Заедницата на српските општини.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме