Утрински Весник
Свет

Се урна руски воен транспортер, кој превезувал 65 украински заробеници

20240124110827 Big 730x400 43

Русија денеска соопшти дека воен транспортен авион ИЛ-76 со 65 украински воени заробеници се урна во западниот регион Белгород, на границата со Украина, јави Би-Би-Си.

„Во авионот имало 65 заробени војници на украинската армија кои требало да бидат транспортирани заради размена во регионот Белгород, шест членови на екипажот и тројца придружници“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков изјави дека е информиран за „инцидентот“, но не даде дополнителни детали.

Видеото споделено на социјалните мрежи покажува како авион понира во близина на селото Јаблоново проследен со експлозија, околу 11:00 часот по локално време (08:00 часот по Гринич).

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Кремљ знае за несреќата, но одби да навлезе во детали, истакнува Би-Би-Си.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење