Утрински Весник
Македонија

Кузеска: Ова е година на одлука, европски напредок со СДСМ или изолација со ДПМНЕ

02.05.2023 Кузеска

Интегрален текст од прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

Почитувани граѓани,

Оваа година е година на одлука. Одлука за европски напредок со СДСМ или изолација со ДПМНЕ.

Нема трето, нема нешто помеѓу.

Пред 4 години граѓаните донеса одлука.  Резултатите од таа одлука ги гледаме денеска.

-За само неколку години со СДСМ државата направи историски изчекори, прво со членството во НАТО а потоа и со почетокот на преговорите со ЕУ после 17 години чекање.

-Демократијата повторно живее во нашата земја. Не се шепоти како порано, туку гласно се говори.  Се дебатира за сѐ, нема забранети теми, нема забранети емисии нема последици за поинаквото мислење. Заробената држава е минато.

-Платите и пензиите имаат историски најголем раст, трудот на работниците се вреднува и се почитува, инвестициите се најголеми а парите се враќаат назад кај грѓаните.

-Се справивме со последиците од сите глобални кризи, над 2,6 милијарди евра вративме назад кај народот.

Сега е време за нова одлука за иднината.

Изборот е сигурна европска иднина, подобар животен стандард и европски вредности со СДСМ.

Или враќање назад во минатото, изолација и неизвесност со ДПМНЕ и Левица.

ДПМНЕ не може да донесе ништо добро за земјата. Со Мицкоски и ДПМНЕ нема иднина, нема членство во ЕУ.

Тоа е истата режимска партија во која ништо не се променило. Хаосот којшто се случува во Скопје, но и во другите општини под капата на ДПМНЕ е олицетрворение на тоа што се случува кога оваа партија е власт.

На овој народ не му требаат нови загубени години.

Затоа ова ќе биде добра година, ќе биде успешна година!

Ќе биде година на европска Македонија!

Можете да прочитате

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година